Македонија загуби убедливо од Ирска на вториот меч на ЕП

Македонската млада кошаркарска репрезентација беше поразена од Ирска со 56-69 во вториот натпревар на Европското првенство Б-дивизија.

Ирска го наметна своето темпо на играта од самиот старт, па така првата четвртина ја доби со 20-13, додека Македонија заигра за нијанса подобро во вторите 10 минути и на полувремето намали на 27-31.

Целосен распад доживеаја македонските кошаркари кои постигнаа само пет поени во третата четвртина, додека Ирска тоа го искористи за да поведе со убедливи 48-32.

Последните 10 минути од натпреварот беа најефикасни на паркетот, а Македонија до крајот на средбата успеа да го ублажи поразот (56-69).

Најефикасен кај Македонија беше Коста Ќириловски со 17 поени, пет скокови и една асистенција. На спротивната страна блесна Виктор Окојие со 24 поени, 10 скокови и една асистенција.

Фото: КФМ