Mитровски: Ја бараме таа победа која ќе ни отвори многу работи
Митровски верува дека тој гол кој Македонија го чека долго време би ја подигнал самодовербата.
„Поразот боли, без оглед на тоа каде играме и посебно за репрезентацијата, секогаш го даваме максимумот. Почнавме добро, во првите десет минути бевме во грч, потоа се обидовме да го вратиме дуелот. Примивме голови по наша грешка. Ја бараме таа победа, тој гол, се надевам дека по него ќе ни се отворат многу работи“, изјави Митровски.
Позитивен резултат ќе бараме веќе в сабота во натпреварот против Шкотска во Скопје.