Хрватска немаше решение за маестралниот Јамал, Англија подобра од Чешка (ВИДЕО)
„Црвената фурија“ тргна офанзивно и уште во втората минута го отвори резултатот. По асистенцијата на Баена, Ламине Јамал одлично се снајде и го совлада Ливаковиќ за 1-0. Шпанците продолжија да доминираат, а веќе во четвртата минута имаа нова шанса. Баена шутираше, но овој пат Ливаковиќ со одлична интервенција спречи нов погодок.
Домашните продолжија со притисокот, а во 20. минута Кубарси упати добар удар, но топката за малку заврши покрај голот. Хрватска ја казни Шпанија за пропуштените шанси во 28. минута. Бељо одлично реагираше со глава и го израмни резултатот на 1-1.
Сепак, радоста на гостите траеше само три минути. Пубил погоди за ново водство на Шпанија од 2-1, резултат со кој се замина на пауза. Во второто полувреме Шпанија продолжи со својата препознатлива игра и целосно ја контролираше средината на теренот. Третиот гол стигна во 63. минута. Педри прекрасно го проигра Јамал, а младата ѕвезда на Барселона од речиси невозможен агол погоди за 3-1.
Конечниот резултат го постави Нико Вилијамс во 89. минута, за убедлива победа на Шпанија од 4-1. Јамал со два гола беше еден од најзаслужните за убедливиот триумф на светскиот шампион.
Во вториот натпревар Англија на гости беше подобра од Чешка со 2-0, стрелци за „Гордиот Албион“ беа Гордон и Хари Кејн.