Фудбалерите ќе имаат поддршка во Љубљана: Фалангата се загрева пред мечот со Словенија (ВИДЕО)
Фудбалерите вечерва ќе имаат и поддршка од трибините од македонските навивачи, кои полека се загреваат за дуелот на стадионот „Стожице“.
Фан-зоната на македонските навивачи ќе биде лоцирана кај Трите моста во центарот на Љубљана, а во 18.45 часот ќе се тргне организирано пеш кон местото за превоз, по што со автобуси ќе тргнат кон стадионот.