Бразил ја надигра Австралија во меч со два пресврти и шест голови!
Вандерсон го зададе првиот удар и донесе преднот на Бразил во третата минута, но Австралија се разбуди во продолжение и со два погодоци направи целосен пресврт.
Во финишот на првиот дел „кариоките“ успеаја да израмнат со гол од пенал на Рафиња, кој мораше на полувреме да биде заменет поради повреда.
Бразил во вториот дел стигна до пресврт и ја обезбеди победата од 4-2 со головите на Бруно Гимараеш и Винисиус Жуниор од пенал.
Фото: Facebook/Confederação Brasileira de Futebol