„Животот ми беше подобар пред Мундијалот, повеќе немам мир и приватност“
По своите одлични настапи на Мундијалот, Возиња доби голема популарност и стигна до 28 милиони фанови на социјалните мрежи.
„Го загубив мирот и приватноста. Повеќе немам ништо. Сега одам во ресторан и секогаш има некој кој сака да се фотографираме. Или уште полошо, да ме снима“, кажа Возиња.
Возиња вели дека му се допаѓал животот кој го имал пред да се прослави на СП.
„Многу луѓе сакаат да бидат познати, но ја гледаат само позитивната страна на тој живот. Искрено, мене повеќе ми се допаѓаше животот кој го имав претходно“, вели голманот.