Седлоски: Играчите дадоа сѐ од себе, нема да застанам со подмладувањето на тимот!
Седлоски истакна дека вечерва во „Стожице“ фудбалерите го оставиле срцето на теренот.
„Денеска моите фудбалери дадоа се од себе, почнавме еден процес на подмладување и нема да застанаме тука. Поразот како пораз боли, но дечките го оставија срцето на терен. Не постигнавме гол, но создадовме шанси, освен тие десет минути во вториот период кои не одигравме најдобро. Тажен сум јас, тажни се и момците, нормално, но сега е Шкотска и немаме многу време за одмор, мораме да се подготвуваме за тој натпревар“, изјави Седлоски.
Следниот натпревар за Македонија е против Шкотска в сабота во Скопје.