Mладеновски: Боли поразот, примивме голови по наши грешки
Македонија не изгледаше така лошо во првото полувреме, но сепак во вториот дел по десетина минути Словенија постигна гол преку Ловриќ.
„Боли поразот, мислам дека се што ни кажа селекторот исполнивме, за жал шансите не ги искористивме и примивме голови по наши грешки. Можеби требаше да реагираме подобро почнувајќи од мене, сега се подготвуваме за Шкотска. Во првото полувреме многу лесно стигнувавме до третата зона, јас лично верував дека можеме да дадеме гол, но не успеавме. За Шкотска ќе се подготвиме најдобро што можеме, кој и да игра ќе даде максимум“, изјави Младеновски.
Со Шкотска Македонија игра веќе в сабота во Скопје.