Мелиќи: Наскоро ќе дојдат хемијата и головите!

Македонскиот репрезентативец Анес Мелиќи, кој на актуелниот репрезентативен собир дебитираше за националниот тим, смета дека Македонија не одиграла лошо, но примила голови по грешки.

Мелиќи, сепак, нагласи дека честите промени во составот се фактор кој влијае врз создавањето на потребната тимска хемија.

„Игравме добро во второто полувреме, но примивме голови по наши грешки. Имаше осум измени во тимот во однос на претходниот натпревар. Мислам дека наскоро ќе дојдат и тимската хемија и головите, ни треба само малку време. Треба да продолжиме да работиме. Македонија ќе дојде таму каде што треба да биде со добра работа“, порача дебитантот во македонскиот национален тим“, изјави Мелиќи.

Следниот предизвик за Македонија е натпреварот против Шкотска на домашен терен. Мечот е закажан за в сабота од 20:45 часот.