Димитријевиќ и Арис со победа тргнаа во Еврокупот
Димитријевиќ уште на својот прв натпревар покажа дека ќе има важна улога во составот на Арис, кој сезонава има високи амбиции во второто по ранг европско натпреварување. Македонскиот плејмејкер беше стартер и за 20 минути на паркетот запиша осум поени, четири скока и четири асистенции.
Арис имаше лош почеток и во еден момент заостануваше со двоцифрени 28-15. Сепак, гостите брзо се вратија во натпреварот, правејќи серија од 0-12 со која целосно ја анулираа негативата.
Во продолжението грчкиот состав го презеде контролираниот тек на натпреварот и ја потврди фаворитската улога. Арис ја доби третата четвртина со 24-15, со што практично ги реши дилемите околу победникот.
Лидер беше најефикасен во победничкиот тим со 19 поени, додека Робинсон-Ерл и Толиопулос постигнаа по 13. Кај Ле Ман најдобар стрелец беше Стјуард Јуниор со 17 поени.