„Пукна“ нашата одбрана, Ловриќ ѝ носи водство на Словенија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Словенија по 55. минута игра стигнаа до водство на натпреварот во „Стожиџе“, а стрелец на голот беше Ловриќ.

Македонија вечерва изгледа нешто подобро од дуелот со Швајцарија, но повторно сме послабиот тим на теренот и ретко доаѓаме до прилика да го загрозиме противничкиот гол. Словенија создаде неколку прилики и во првото полувреме, а по десет минути игра во вториот дел успеа да го скрши нашиот отпор.