Фудбалерите до 17 години го прегазија Луксембург!

Младите фудбалери на Македонија до 17 години славеа убедлива победа над Луксембург со 4-1 на стадионот „Кукуш“ во Турнов.

Натпреварот беше решен уште во првото полувреме во кое Македонија си обезбеди предност од 3-1.

Водство за избраниците на селекторот Иљами Исеини донесе Ристиќ во 11. минута кога реализираше пенал, Николов во 22. се погрижи за 2-0, а само три минути подоцна Крстевски го постигна и третиот гол.

Конечниот резултат во второто полувреме го постави Ристиќ со вторниот гол по еден час игра.

Составот на Македонија: Илан Мемети, Адриан Велески, Матеј Масев, Амар Акики, Александар Полимaц, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Марин Крстевски, Илија Аксентиев, Матеј Николов, Огнен Сивевски;

Димитар Петров, Петар Галески, Михајло Павлов, Стефан Стефановски, Павел Стојанов, Леарт Исеини, Есер Фетаи, Рон Медеди, Далибор Марковиќ, Боби Недановски, Авлон Куртиши, Благоја Седлоски, Огнен Јаков, Јасин Џемаили;