Седлоски со драстичен рез: Осум нови фудбалери во стартниот состав со Словенија, го нема Барди, одбраната целосно нова!

Македонскиот фудбалски селектор Гоце Седлоски направи вистински „земјотрес“ во составот на Македонија за вечерашниот дуел со Словенија!

Само три дена по убедливиот пораз од Швајцарија (0-3), Македонија вечерва во Љубљана ќе истрча со дури осум нови имиња во стартните 11.

Најголемото изненадување е што го нема капитенот Енис Барди, а одбраната е практично целосно променета. Во последната линија стартуваат Аломеровиќ, Мелиќи, Младеновски и Стојчевски – четворица фудбалери кои не беа стартери против Швајцарија.

Седлоски вечерва се одлучи за состав:
Димитриевски – Аломеровиќ, Мелиќи, Младеновски, Стојчевски – Гаштаров, Атанасов, Елези – Елмас – Омерагиќ, Митровски.

Од стартниот состав против Швајцарија остануваат само Димитриевски, Гаштаров и Елмас, што доволно зборува колку радикална е промената.

По поразот и лошата игра на дуелот со Швајцарија, Седлоски очигледно реши да направи сериозен пресек и да им даде шанса на играчите кои вечерва против Словенија треба да покажат дека заслужуваат место во стартните единаесет.