Дубаи гази во Евролигата: По Реал, ја доби и Барса (ВИДЕО)

Кошаркарите на Дубаи први стигнаа до втората победа во новата сезона на Евролигата, совладувајќи ја Барселона на домашен терен со резултат 94-87. 

Првиот натпревар од второто коло на елитното натпреварување мина во знакот на тимот од Емиратите, кој клучната разлика ја направи во втората четвртина.

Избраниците на Чави Пасквал, поранешниот тренер на Барселона, ја добија втората четвртина со 29-12 и така почнаа да го трасираа патот кон победата.

Домашните стигнаа до и +20 кон крајот на третата четвртина (76-56), кога се чинеше дека натпреварот е решен. Сепак, тогаш започна серијата на Кевин Пантер, кој експресно ги врати Каталонците на едноцифрена негатива.

Сепак, во финишот Дубаи успеа да го приведе натпреварот до крај во своја корист, и покрај одличната игра на Пантер, па така, по Реал Мадрид во првото коло, го совлада и вториот шпански гигант. 

Најефикасен играч на натпреварот беше токму Пантер со 25 постигнати поени, додека Гибсон кај Барселона постигна 12. Во победничкиот тим Кабенгеле постигна 21 поен, додека Бејкон и Рајт додадоа по 14.