Светски шампион осуден на седум години затвор поради злоставување деца!

Судот во Шкотска го осуди поранешниот светски шампион во снукер Грем Дот на седум години затвор откако беше прогласен за виновен за сексуално злоставување на две деца.

Поранешниот светски шампион е осуден затоа што злоставувал девојче во период од 1993 до 1996 година, како и момче во период од 2006 до 2010 година.

Судијата во Единбург соопшти дека Дот на „жртвите им го одземал детството“ со што направил тешко кривично дело поради кое му се изрекува затворска казна од седум години.

Дот беше светски шампион во снукер во 2006 година.