Трет пораз за младинците: Македонија загуби и од Данска на ЕП

Македонската ракометна репрезентација го запиша третиот пораз на Европското првенство (ЕП) за ракометари до 20 години, откако денеска беше немоќна против Данска (20-34).

Данска ја контролираше играта од самиот почеток, па така првото полувреме го доби со 15-8, додека во вториот дел продолжи во исто темпо и стигна до убедливи 34-20.

Македонија претходно на ЕП загуби од Норвешка и Хрватска.