Колумбија го скрши дебитантот, Гана со гол во 95. минута до победа против Панама (ВИДЕО)
Јужноамериканската селекција славеше со 3-1, а фудбалерот на Баерн учествуваше во два од трите гола. Во 40. минута му асистираше на Муњоз за почетно водство, а откако Фајзулиев се запиша во историјата на узбекистанскиот фудбал како прв стрелец на гол на мундијалите, Дијаз се погрижи да ја врати Колумбија во предност, во 65. минута. Точка на мечот стави Кампаз во деветтата минута од судиското продолжение.
Колумбија со оваа победа застана на чело на табелата во својата група, а ќе има шанса да го запечати пласманот во следната рунда ако го совлада Конго во второто коло.
Претходно, Гана ја совлада Панама со 1-0, во можеби најлошиот натпревар во досегашниот дел од првенството. Стрелец на единствениот гол беше Јиренки, длабоко во судиското продолжение, во 95. минута. Панама имаше повеќе од играта, топката ја посеудваше во 62% од времето, но не го искористи тоа за да направи изгледни шанси за гол. Африканците погодија со еден од двата шута што ги упатија во текот на мечот.