Спектакл во Тексас: Англија во меч со шест голови ја совлада Хрватска (ВИДЕО)

Фудбалерите на Англија триумфира со 4-2 против Хрватска во првото коло од Светското првенство (СП), а навивачите во Тексас можеа да уживаат во фантастичните потези на ѕвездите на двете репрезентации.

Хари Кејн погоди во 12. минута од пенал, откако првиот удар му го одбрани Ливаковиќ, но потоа судијата реши да го повтори пеналот. Батурина со прекрасен гол во 36. минута успеа да донесе израмнување, но Англија се врати во предност со нов погодок на Кејн.

Хрватска не се предаваше, па во последната акција од првото полувреме успеа со голот на Муса да стигне до израмнување (2-2).

Второто полувреме почна катастрофално за Хрватска бидејќи Белингам по само две минути игра успеа да погоди за 3-2, по што фудбалерите на „Гордиот Албион“ имаа уште неколку одлични шанси, но Ливаковиќ беше на висина на задачата и запиша извонредни интервенции.

Победата на Англија ја запечати Рашфорд во финишот од средбата, односно во 85. минута кога погоди за конечни 4-2.

Фото: Facebook/England football team