Димитријевиќ блесна против Алба и го носи Баерн кон титулата!

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар за Баерн Минхен и помогна во победата од 91-83 против Алба Берлин за водство од 2-1 во финалната серија во Германија.

Димитријевиќ го заврши натпреварот против Алба со 19 поени, шест асистенции и еден скок, со што го предводеше Баерн кон втора победа во серијата против ривалот.

Баерн и Алба го играат четвртиот натпревар на 19 јуни од 20.30 часот, а екипата на Димитријевиќ ќе има шанса да стигне до трофејот.

Фото: Facebook/FC Bayern Basketball