Пелистер им ги продолжи договорите на четворица фудбалери

Фудбалскиот клуб Пелистер денеска ги продолжи договорите на четворица фудбалери, со што продолжува со екипирање на тимот за новата сезона.

Битолчани официјално им ги продолжија соработките на Кире Ристевски, Стефан Спировски, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски.

Ристевски и Спировски остануваат меѓу носителите на играта со нивното искуство, додека Мрмачовски и Димовски се иднината на екипата од Битола. Сите договори меѓу фудбалерите и битолската екипа се потпишани со важност од една година.

Пелистер вчера се раздели со шест фудбалери, а меѓу нив беа и двајцата капитени Мирко Ивановски и Александар Ристевски.

Фото: FC Pelister Bitola