Ѕвезда на Египет распали: Ова е неправда, турнирот е наместен!

Аргентина со неверојатен пресврт го елиминира Египет (3-2) од Светското првенство (СП), но фудбалерот Мустафа Зико беше бесен по поразот на неговата репрезентација.

Незадоволството на клупата на Египет беше посебно забележливо по голот на Енцо Фернандез за целосен пресврт, а најжестоко реагираше Зико, кој го постигна вториот погодок за Египет.

„Ова е неправда. Судијата го понижи трудот на цела земја. Од почетокот беше против нас. Не можеше да заврши вака кога водиме против Аргентина. Овој турнир е наместен од самиот почеток. Им се извинувам на нашите навивачи, не беше сè во наши раце“, кажа Зико.

Аргентина во четвртфинале на Мундијалот ќе се соочи против победникот од дуелот меѓу Швајцарија и Колумбија.

Фото: Egypt National Team