Нутинен: Ништо не е готово, Вардар е добар тим и може сè да се смени во реваншот!

КуПС оствари триумф од 2-0 против Вардар во Скопје во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а тренерот Мика Нутинен смета дека уште ништо не е решено затоа што им претстои тежок реванш во Финска.

Нутинен посочи дека е задоволен од играта на неговите избраници, но предупреди дека Вардар може да се врати во реваншот.

„Задоволен сум од нашата игра и реализацијата, не беше лесно, но бевме добро поставени и во одбраната. Сепак, не смееме да заборавиме дека ова е само прв натпревар и пред нас е реваншот во кој ќе бидеме домаќини. Вардар денеска мислам дека беше тактички добар, меѓутоа ние ја одработивме нашата задача и дојдовме до победата. Кажав и претходно, Вардар е добар тим и мораме да бидеме фокусирани и во реваншот затоа што работите може лесно да сменат. Првиот гол можеби беше клучен, до тој меч дуелот беше израмнет, потоа ние ја преземавме контролата и сум задоволен од прикажаното“, кажа Нутинен.

Реваншот меѓу КуПС и Вардар се игра следниот вторник од 17 часот.