Челси тргна по потписот на поранешниот капитен на Ливерпул!

Светскиот клупски шампион Челси ова лето реши да направи реконструкција на тимот, откако претходно го ангажира Чаби Алонсо за нов тренер.

По неколку звучни засилувања, Челси тргна по неколку ветерани, односно премиерлигашот најпрво стапи во контакт со Дани Велбек, а сега го сака и поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон.

Хендерсон е 36-годишен фудбалер, кој во минатото играше важна улога во Ливерпул, а тренерот Алонсо смета дека неговото искуство ќе им помогне на помладите фудбалери во Челси.

Фото: Chelsea Football Club