Стоилов ја започна мисијата во Бутел: Скопскиот тим почна со подготовки (ФОТО)
Бутел ќе настапи на турнири во Струга од 12 до 15 август и Прилеп од 20 до 23 август каде што ќе се соочи со квалитетни ривали, додека почетокот на сезоната го има против Младост Богданци на 5/6 септември.
Скопскиот тим ова лето се засили со голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ, а нови договори беа потпишани со Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ, Тодески.
Фото: RK Butel Skopje