Швајцарија на пенали ѝ пресуди на Колумбија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Швајцарија се пласираа во четвртфинале на Светското првенство (СП), откако на пенали ја совладаа Колумбија.

Во првото полувреме не можеше да се забележи многу убав фудбал, па двете екипи создадоа само по една шанса. Густаво Пуерта се закани во 21. минута, но Грегор Кобел успеа да одбрани. Потоа на спротивната страна Фабијан Ридер испрати удар, но Густаво Варгас беше на висина на задачата.

Второто полувреме го одбележа уште поцврста игра, односно двете екипи беа премногу внимателни, па се играше без поголеми шанси, по што следеа продолженија, а на крајот победникот се решаваше на пенали.

Швајцарија беше подобра на пенали со 4-3 и така го обезбеди своето место во четвртфинале на Мундијалот, кое ќе биде нивно прво учество во таа рунда по пауза од 72 години.

Фото: Swiss Nati Men