Репрезентативец на Зеленортските Острови го постигна најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

ФИФА официјално го прогласи погодокот на Сидни Лопес Кабрал против Аргентина за најубав гол на Светското првенство кое заврши неодамна. Импресивната акција на фудбалерот го воодушеви фудбалскиот свет и освои најмногу гласови во изборот за најатрактивен погодок на турнирот.

Голот беше постигнат во осминафиналниот натпревар против Аргентина. Лопес Кабрал прво со одличен дриблинг го исфрли до игра Алексис Мекалистер, а потоа со прецизен удар од кос агол ја испрати топката во горниот десен агол од голот на Емилијано Мартинез, оставајќи го аргентинскиот голман без шанси за интервенција.

„Ова е огромна чест и признание за кое сонува секој фудбалер. Штом го поминав противникот, го забележав просторот и решив да шутирам. Кога видов дека топката завршува во горниот агол, не можев да поверувам што направив“, изјави Лопес Кабрал по добивањето на признанието.

Тој откри и емотивен детал по погодокот, истакнувајќи дека пред натпреварот им ветил на својата мајка и девојка дека ќе дотрча до трибините доколку постигне гол. По погодокот ја затекнал мајка си во солзи, која од силните емоции дури и се онесвестила во моментот кога топката завршила во мрежата.

Второто место во изборот за најубав гол на Светското првенство му припадна на узбекистанскиот напаѓач Елдор Шомуродов, додека трет беше Вилсон Исидор од Хаити.