„Ако Алкараз не настапи во Синсинати, тешко дека ќе игра на УС Опен“
Алкараз веќе подолго време е надвор од терените поради повреда на зглобот, а неговото враќање сè уште е неизвесно. Според Руседски, прескокнувањето на турнирот во Синсинати би било јасен сигнал дека закрепнувањето не се одвива според очекувањата и дека шансите за настап во Њујорк значително се намалуваат.
„Ако не игра во Синсинати, би бил многу изненаден доколку се појави на УС Опен. За да има реална можност да настапи во Њујорк, прво мора да покаже дека може да се натпреварува на највисоко ниво во Синсинати“, истакна Ружедски.
Тој нагласи дека евентуалниот настап на Алкараз во Синсинати би бил позитивен знак не само за самиот тенисер, туку и за целиот тениски свет, бидејќи станува збор за еден од најатрактивните играчи на денешницата.
Иако Алкараз се наоѓа на листата на пријавени учесници за двата турнира, конечната одлука ќе зависи од тоа како неговиот зглоб ќе реагира на тренинзите со зголемен интензитет во наредниот период. Неговиот тим не сака да ризикува ново влошување на повредата, па здравствената состојба останува главен приоритет пред американската турнеја.