Вардар брка гостински триумф во Рига за продолжување на европското лето
Вардар го игра вториот европски дуел оваа сезона и вторпат се наоѓа во негатива пред реванш кој го игра на гостински терен.
Македонскиот шампион не го користи домашниот терен за да создаде предност, па брка негатива на гостувањата. Вардарци го победија КуПС во Финска иако тој триумф не беше доволен.
По 90 минути во Финска, Вардар остави победа од 2-0, сега со еден таков резултат во Рига, црвено-црните би поминале во следното коло. Па надежта за успех постои.
„ Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов“, рече тренерот Кристијан Фабијани.
Рига е фаворит, тие ја имаа таа улога и во Скопје, резултатски ја оправдаа, но не го надиграа Вардар кој го загуби мечот благодарение на грешките во одбраната.
Натпреварот почнува од 19 часот, ќе има и директен пренос на Арена М1 Премиум.