Италија го враќа селекторот кој загуби од Македонија!?

Изборот за нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација доби скандалозни димензии, во наредните денови се очекува сагата конечно да заврши.

Нов селектор требаше да биде Андреа Пирло, но неговата поврзаност со руска обложувалница му направи политички проблем поради што тој отпадна од трката. Со него се повлекоа и Малдини и Леонардо кои требаше да почнат револуција во националниот тим.

Италијанската фудбалска репрезентација сега се насочува кон имиња кои веќе беа селектори.

Како главен фаворит се посочува Роберто Манчини кој беше селектор на Италија кога им го нанесовме поразот од 1-0 во Палермо кои никако не можат да го заборават.

Како втор кандидат стои името на Антонио Конте кој исто така веќе беше селектор на Италија.