Франција го промовираше Зидан - почнува нова ера во француската репрезентација!

Најавите од денеска добија официјална потврда, легендарниот Зинедин Зидан е нов селектор на фудбалската репрезентација на Франција.

Француската фудбалска федерација денеска го промовираше Зинедин Зидан за нов селектор. Промена по 14 години во кои предводник беше Дидие Дешан.

Еден од најголемите фудбалери во историјата го презима кормилото на Франција и ќе има задача да ја врати репрезентацијата триколорите на врвот на светскиот и европскиот фудбал.

„Честопати сум кажувал дека нема ништо поголемо од француската репрезентација. Огромна чест, радост и гордост е да станам селектор на Франција. Во исто време, тоа е и голема одговорност. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Филип Дијало, на Извршниот комитет и на Француската фудбалска федерација за довербата што ми ја укажаа. Посебна благодарност заслужуваат и Дидие Дешан и неговиот стручен штаб за сè што направија во изминатите 14 години. Денеска се сеќавам и на сите мои тренери кои имаа влијание врз мојата кариера. Имам големи амбиции и верувам дека оваа репрезентација има потенцијал да продолжи да освојува трофеи“, изјави Зидан.

Зизу многу долго се поврзуваше со селекторската позиција на Франција, сега конечно доби шанса да ја води репрезентацијата.