Хрватска преку Муса израмни против Англија пред полувремето (ВИДЕО)

Фудбалерите на Англија и Хрватска понудија одлично прво полувреме и постигнаа дури четири голови (2-2).

Хари Кејн од пенал во 12. минута донесе предност за „Гордиот Албион“, по што Батурина со прекрасен гол во 36. минута израмни на 1-1.

Набрзо англискиот напаѓач повторно погоди за 2-1, но Муса по одлична акција на Хрватите стрелаше за 2-2 пред крајот на првото полувреме.

Фото: Facebook/Hrvatski nogometni savez