Батурина постигна прекрасен гол за Хрватска, но Кејн веднаш го врати водството на Англија (ВИДЕО)

Англија повторно е во водство против Хрватска (2-1), иако Батурина за момент ја врати својата селекција во игра со прекрасен гол.

Батурина доби одлична топка од Сучиќ, по што испрати фантастичен удар и ја затресе мрежата на Пикфорд.

Радоста на Хрватите кратко траеше затоа што набрзо Кејн успеа со гол со глава да го врати „Гордиот Албион“ во предност (2-1).