Причина за солзите на Меси е татко му - тешко е болен
Играчот на Интер Мајами подоцна објасни дека поминал низ тежок период и дека чувствувал голем товар, но не објасни што точно му се случува во животот. Аргентинските медиуми тврдат дека ја знаат причината за тоа.
Според нив, таткото на Лео, Хорхе Меси се наоѓа во тешка здравствена состојба подолг период. Ситуацијалата кулминирала претходните недели во кои здравјето дополнително се влошило.
Од што точно боледува Хорхе Меси не е познато, но Лионел засега извонредно се носи на теренот каде ја предводи аргентинската репрезентација.