Мартинез ја напушта Португалија, дури и ако стане светски шампион
Шпанскиот стручњак одлучил да не го обнови договорот, кој истекува во јули оваа година. Мартинез ќе замине без оглед на настапот на тимот на Светското првенство во 2026 година, па дури и ако ја освои титулата на најголемата фудбалска манифестација. Во моментов размислува за враќање во англискиот фудбал, но е отворен за селекторска позиција во друга репрезентација.
Мартинез е селектор на Португалија од 2023 година. Претходно ја водеше Белгија од 2016 до 2022 година, а во Англија работеше како менаџер во Евертон, Виган и Свонси.