Заврши првото коло на Мундијалот: Меси единствен со хет-трик, седуммина постигнаа по два гола
Постигнати се вкупно 79 голови, а само осуммина фудбалери повеќе од еднаш се запишаа во листата на стрелците. Единствен со хет-трик досега е суперѕвездата на аргентинската репрезентација Лионел Меси кој трипати ја затресе мрежата на Алжир и се израмни со Мирослав Клосе на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на светските првенства.
По два гола постигнаа: Ајари од Шведска, Балогун од САД, Халанд од Норвешка, Хаверц од Германија, Џаст од Нов Зеланд, Кејн од Англија и Мбапе од Франција.