Мурињо посака и доби нов стопер: Реал Мадрид се засили со фудбалер на Ливерпул!

Доскорешниот фудбалер на Ливерпул, Ибрахим Конате и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид, потврди шпанскиот клуб, со што францускиот дефанзивец започнува ново поглавје во својата кариера.

Тој на „Сантијаго Бернабе“ пристигнува како слободен фудбалер, откако му истече договорот со премиерлигашот, а со „кралскиот клуб“ потпиша четиригодишна соработка. Францускиот репрезентативец зад себе има импресивна етапа во Ливерпул, каде што забележа 183 настапи по доаѓањето од Лајпциг во 2021 година. Со англискиот гигант успеа да ги освои Премиерлигата, ФА купот и два Лига купа.

Според шпанските медиуми, доведувањето на Конате било едно од клучните предизборни ветувања на претседателот на клубот Флорентино Перез. Тој е третото засилување за новиот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, по пристигнувањето на Бернардо Силва и Марк Кукуреља.

Конате во моментов е со репрезентацијата на Франција на Светското првенство, но не настапи во победата над Сенегал (3-1) во првото коло од групната фаза.