Познат е терминот за првиот меч на Вардар против Купс!

Финскиот Купс е првата пречка на Вардар во Европа, сега е познато и кога ќе се одигра првиот меч на црвено-црните.

Вардар е домаќин на првиот натпревар, а терминот е 7 јули во 19 часот, мечот се игра на Градскиот стадион во Скопје. Реваншот е седум дена подоцна.

Ако Вардар го помине Купс, ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Сабах и ТНС.Ако загуби оди  во Конференциската лига и ќе игра со Арарат или Рига.

Црвено-црните во моментов се во Норчија, Италија каде се подготвуваат за новата сезона која за нив официјално почнува токму од овој натпревар со Купс.