Вардар оствари убедлив триумф над Валнерина на мечот во Италија (ФОТО)

Македонскиот фудбалски шампион Вардар славеше со 4-1 во пријателски натпревар против Валнерина во Норчија, Италија.

„Црвено-црните“ го почнаа дуелот со Талевски, Јанкулов, Матиќ, Велковски, Пулиео, Босанчиќ, Бабунски, Закариќ, Родригез, Омерагиќ и Торес, а го постигнаа првиот гол преку Бабунски во 15. минута, по што Омерагиќ во 37. минута зголеми на 2-0.

Вардар не запре и постигна уште два погодоци во првото полувреме, и тоа преку Закариќ и Торес, по што Валнерина возврати со еден гол во завршницата.

Во второто полувреме Вардар направи голем број промени, па на теренот се најдоа Диковски, Мишковски, Најдовски, Мурџевски, Јефтовски, Пиреш, Данев, Тодоровски, Јаков, Николов и Дурански. Сепак, резултатот не се промени и македонската екипа славеше со 4-1.