Нејмар ќе го пропушти и вториот натпревар на СП 2026

Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати на тренинг, но сè уште не е подготвен за настап за неговата репрезентација на Светското првенство (СП).

Репрезентацијата на Бразил не сака да ризикува со Нејмар, кој се врати на тренинг пред 24 часа по проблемите со повредата, па будно ќе се следи неговата ситуација во следниот период.

Ова значи дека Нејмар ќе го пропушти и дуелот со Хаити, откако претходно не играше со Мароко, а најверојатно ќе настапи на третата средба против Шкотска на 24 јуни.

Фото: Facebook/Confederação Brasileira de Futebol