БиХ даваше отпор повеќе од еден час, па се распадна против Швајцарија (ВИДЕО)
БиХ се покажа како цврст ривал и даваше голем отпор сè до 74. минута кога Швајцарија постигна гол преку Манзамби.
Само неколку минути подоцна Мухаремовиќ доби директен црвен картон, а со тоа беше најавен потопот на БиХ. Во 84. Минута Варгас погоди за 2-0, а потоа Манзамби со вториот погодок зголеми на 3-0.
Мамиќ во судиското надополнување испрати „бомба“ по еден корнер на БиХ и намали на 1-3, меѓутоа Швајцарија од пенал преку Џака во последните секунди од мечот ги постави конечните 4-1.
Швајцарија е прва во групата Б со четири бодови, додека Канада, БиХ и Катар имаат по еден поен.
Фото: Facebook/Swiss Nati Men