Џеко откри каде БиХ згреши против Швајцарија
Искусниот напаѓач кажа дека поразот е висок, но дека грешките направени во самата завршница од дуелите не смеат да се дозволат на ваков турнир.
„Не издржавме во последните 20 минути, иако сите голови ги примивме наивно. При резултатот 0-1, кога добивме црвен картон, требаше да се затвориме и да мислиме како да не примиме уште еден гол, а потоа да искористиме некој контра-напад. Црвениот картон е една од причините поради кои примивме четири голови“, кажа Џеко.
БиХ во последното коло од групната фаза на СП ќе игра против Катар.
Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine