Швајцарија и БиХ со лудиот финиш се запишаа во историјата на СП (ВИДЕО)

Швајцарија триумфира над Босна и Херцеговина со 4-1 во второто коло на Светското првенство (СП), а овој натпревар ќе остане запаметен во историјата на турнирот.

Мечот меѓу Швајцарија и БиХ стана првиот во историјата на кој биле постигнати пет голови по 70. минута.

Манзамби ја отвори гол-серијата на Швајцарија во 74. минута, по што Варгас зголеми на 2-0, а Манзамби погоди и за 3-0. Потоа Мамиќ намали на 1-3, а Џака од пенал ги постави конечните 4-1 за неговата репрезентација.

Фото: Facebook/Swiss Nati Men