БиХ може да испадне од СП дури и да победи во последното коло!

Босна и Херцеговина доживеа пораз во второто коло од Светското првенство (СП) против Швајцарија со 1-4, па во последното коло ќе се обидат да направат чудо.

БиХ има еден освоен бод по две одиграни кола, и тоа против Канада (1-1), но ако сака да се надева на пласман во следната фаза, тогаш мора во последното коло да го победи Катар.

Тоа е единственото сценарио во кое БиХ може да ја помине групата затоа што со два поени нема да продолжи во следната фаза. Меѓутоа, во неверојатен расплен БиХ може и да испадне од СП дури и со триумф над Катар.

Шансите се мали, но ако Катар ја победи Канада, тогаш може да се случи сите четири екипи на крајот да завршат со четири освоени бодови.

За да се слуичи тоа, со поразот на Канада од Катар, ќе мора БиХ во последно коло да го победи Катар, додека Швајцарија да загуби од Канада. Во таков случај ќе се гледа гол-разликата, а БиХ со денешниот пораз си направи проблеми.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Nogometni savez Bosne i Hercegovine