„Војна“ во Италија: Почнаа обвинувањата за новиот неуспех на фудбалерите
Поразот на пенали од Босна и Херцеговина во финалето на баражот беше опишан како еден од најлошите моменти во историјата на италијанскиот фудбал, а Абоди го нападна претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.
„Очигледно италијанскиот фудбал мора повторно да се изгради од почеток, а тој процес да почне со промена во Фудбалскиот сојуз“, кажа Абоди.
Гравина претходно во соопштение јасно порача дека не планира да поднесе оставка од претседателската функција.
Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio