Манчестер Сити тргнува по бразилско чудо кое чини 50 милиони евра

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити е заинтересиран за 17-годишниот бразилски талент Брунињо од Атлетико Паранаенсе, а според информациите „граѓаните“ се подготвени да понудат 50 милиони евра.

Брунињо е фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во нападот, а оваа флексибилност му одговора на премиерлигашот.

Сепак, потенцијалниот трансфер би можел да биде одложен, односно „граѓаните“ не можат да го регистрираат како свој фудбалер додека Брунињо не наполни 18 години.

„Граѓаните“ меѓутоа се подготвени да испратат понуда до бразилската екипа за да го обезбедат неговиот потпис за иднината.

Фото: Facebook/Manchester City