Партизан ја уништи Звезда на терен, па ја истрола на социјалните мрежи (ФОТО)

Веднаш по вечното дерби во Евролигата и победата на Партизан во Белградската арена, на профилите на социјалните мрежи на клубот од Хумска се појави провокативна објава, посветена на шестата последователна победа во елитното натпреварување.

На фотографијата беа прикажани пет поврзани W (победа) и едно T (тренинг), со порака „Малку посилен“. „Црно-белите“алудираа на изјавата на Саша Обрадовиќ по неодамнешното дерби во АБА лигата, кога тренерот на Звезда истакна:

„Многу е важно што не се потрошивме многу, нека биде ова силен тренинг пред она што нè очекува“.

Победата на Партизан синоќа значително влијаеше на шансите на Црвена Звезда во битката за плејофот, а екипата на Обрадовиќ ја искомплицира и ситуацијата кога станува збор за квалификација за плеј-инот, со оглед на тоа што е само на победа од Дубаи, кој е на 11. место. Од друга страна, Партизан моментално е во најдобра форма во елитното натпреварување, но шансите за пласман во следната фаза ги загуби уште одамна во оваа турбулентна сезона.