Реал му се налути на Тухел поради Белингам
Младиот играч од средниот ред се обидува да се врати во оптимална состојба по повредата на тетивата што ја заработи на почетокот на февруари. Тој заигра, но доби многу малку минути како резерва во дербито со Атлетико Мадрид пред две недели. Тухел одлучи да го вклучи во пошироката група од 35 играчи што ги повика за тестовите со Уругвај (1-1) и Јапонија (0-1), но Белингам не одигра ниту една минута. Селекторот објасни дека би презел преголем ризик со внесувањето во игра на Белингам, кој не е во оптимална физичка состојба. Германецот сепак нагласи дека е многу задоволен од неговиот настап на тренинзите, но на „Сантијаго Бернабе“ не гледаат никаква смисла во патувањето на Белингам.
Алваро Арбелоа смета на Англичанецот за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите со Баерн Минхен. Сепак, има само пет дена до првиот натпревар на „Сантијаго Бернабе“ против германскиот шампион. Пред тоа, Реал Мадрид има само меч против Мајорка во Ла Лига. Значи, Белингам нема да има доволно време да ги акумулира потребните минути за да се приближи до својата оптимална форма. Ова би можело да ги расипе плановите на тренерот на „белите“. Според кралскиот клуб, многу покорисно би било за играчот, со оглед на тоа што не играше, да остане во базата на Реал и да тренира таму.