Пелистер и идната сезона ќе има хрватски пикер

Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер го продолжи договорот со уште еден играч од актуелниот играчки кадар.

Во Битола остнаува хрватскиот интернационалец Никола Граховац кој игра на пикерската позиција, а го продолжи договорот за идната сезона со можност да го носи дресот на „зелено-белите“ и во 2027/28. Претстојната натпреварувачка кампања тој ќе биде дел од пикерското трио на Пелистер во кое се уште Жарко Пешевски и Самоил Ристевски. Пешевски исто така неодамна го продолжи договорот со Пелистер.

Пред да дојде во Битола, Граховац играше и во Хрватска, Унгарија и Германија, а очигледно ги задоволил вкусовите и на стручниот штаб и на навивачите на Пелистер.