Италија има домашни кандидати за нов селектор, но сонува за еден странец!
Како наследник на Гатузо, Италија има три опции, се споменуваат Антонио Конте, Масимилијано Алегри и Роберто Манчини.
Но, оној за кој сонуваат Италијанците е Пеп Гвардиола. Тие сметаат дека само тој може да им ја крене репрезентацијата на повисоко ниво.
Одамна се шпекулира дека Гвардиола ќе замине од Сити по крајот на оваа сезона. Во таков случај би можел да пристигне во Италија како слободен тренер.
Но, проблемот е што Гвардиола досега работел само во тимови кои имаат врвни играчи, а Италија веќе одмана не е тоа.
За разлика од клупскиот фудбал, во репрезентациите не може да се креира тим со пари, па многумина веруваат дека од таа причина Гвардиола не би ја прифатил позицијата.