Беше меѓу најдобрите напаѓачи во светот, а сега не игра зашто е – (пре)дебел!
Тој додека настапуваше за Баер Леверкузен имаше значителни осцилации во телесната тежина, што директно влијаеше врз неговата форма и континуитет. Стручниот штаб во неколку наврати реагирал, сметајќи дека Бонифас не ја одржува потребната кондиција, особено по повреди или паузи. Неговиот стил на игра, базиран на сила, експлозивност и дуели, бара врвна физичка подготвеност, па секој вишок килограми значи загуба на брзина и агилност – нешто што повремено беше очигледно и на теренот.Поради тоа, во Баер Леверкузен му бил изработен и посебен индивидуален програм за исхрана и кондиција.
Сега, како играч на Вердер Бремен, повторно е во центарот на критиките. Тренерот Даниел Тиун отворено го прозва напаѓачот.
„Очигледно е дека има вишок килограми. Тој го знае тоа, го знаеме и ние. Би сакал да е во подобра форма – мора да се докаже ако сака да игра“, изјави Тиун.
Падот е видлив и на пазарот – пред само две години Виктор Бонифас се проценуваше на околу 45 милиони евра, додека денес неговата вредност е намалена на само пет милиони, што најдобро ја отсликува кризата во која се наоѓа.
ФОТО: X / @m_borzecki